НБА-лигашот Детроит преку својот Твитер објави за постигнат договор со кошаркарот Џо Џонсон.

Триесет и осумгодишниот Американец се приклучи на клубот како слободен агент.

За потсетување, Џонсон е седумкратен учесниј на „Ол стар“ натпреварите во најсилната светска кошаркарска лига.

Во својата богата НБА кариера, Џонсон има настапувано за екипите на Хјустон, Јута, Мајами, Бруклин, Атланта, Феникс и Бостон.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/09/2019 11:32