ИФФК „Браќа Манаки“ информира дека првпат годинава е доделена награда за најдобар ангажиран документарен филм, како и награда која ја доделува Општина Битола, за најдобар филм според публиката од програмата Мак поинт.
За најдобар документарен филм наградена се режисерката и кинематограферка Ваад ал-Катеаб и кинематограферот Едвард Вотс во филмот „За Сама“, додека во програмата Макпоинт, која ги прикажува најновите остварувања на македонските автори, публиката гласаше по секокја проекција и според нејзините гласови, победи филмот „Скопје 2020“ на режисерот Радован Петровиќ и кинематограферот Андреј Лембанов.
ИФФК „Браќа Манаки“ завршува вечер со доделување на главните фестивалски награди, златна, сребрена и бронзена „Камера 300“ за трите најдобри кинематографери.