Пилотот на Ферари Шарл Леклер беше најбрз на денешните квалификации за Гран-прито во Сингапур. Второто место го зазеде Британецот Луис Хамилтон од Мерцедес.

За Леклер ова е трета последователна пол-позиција во шампионатот од Формула 1. Претходно тој беше најбрз во квалификациите за трките во Италија и Белгија.

Поредок на првите 10 пред Гран-при Сингапур:

1.Шарл Леклер (Ферари) – 1,36,217 минута 2. Луис Хамилтон (Мерцедес) – 1,36,408 3. Себастијан Фетел (Ферари) – 1.36.437 4. Макс Верстапен (Ред Бул) – 1,36,813 5. Валтери Ботас (Мерцедес) – 1,37,146 6. Александар Албон (Ред Бул) – 1,37,411 7. Карлос Саинц (Мекларен) – 1,37,818 8. Даниел Рикиардо (Рено) – 1,38,095 9. Нико Хулкенберг (Рено) – 1,38,264 10. Ландо Норис (Мекларен) – 1,38,329.

Главната трка за Големата награда на Сингапур ќе се вози утре со почеток во 14:10 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/09/2019 16:50