Познати се три четврфиналнаи пара на евро-шампионатот во одбојка во машка конкуренција. Досега влез помеѓу најдобрите осум обезбедија: Германија, Русија, Србија, Франција, Полска, Украина и Словенија.

Првите три четвртфинални пара се: Русија – Словенија Полска – Германија Србија –Украина.

Ова е епилогот по натпреварите одиграни во текот на влерашниот ден на кои беа постигнати следниве резултати: Холандија – Германија 1:3 Русија – Грција 3:0 Србија – Чешка 3:0 Франција – Финска 3:0 Словенија – Бугарија 3:1 Белгија – Украина 2:3 Полска – Шпанија 3:0

Осминафиналето ќе биде комплетирано денес со мечот Италија – Турција. Победникот од овој дуел во четвртфиналето оди на Франција.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/09/2019 13:17