Првата турнирска носителка Наоми Осака го освои трофејот во јапонскиот град Осака.

Домашната тенисерка денес во финалето ја совлада Русинката Анастасија Павличенкова со 2:0 во меч што траеше еден час и 10 минути.

Првиот сет Јапонката го доби со 6:2, а во вториот и препушти три гема на ривалката (6:3).

Награден фонд на турнирот изнесуваше 757.900 долари.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/09/2019 14:01