Тренерот на московска ЦСКА, Димитрис Итудис, се врати на својот факултет во Загреб, но со еден потег ги налути Србите кои го сакаат поради кумството со Жељко Обрадовиќ.

Еден од најдобрите тренери во Европа, во 1994 година во Загреб дипломираше на Кинезиолошкиот факултет за спорт и физичко образование, а деновиве ги посети просториите во кои минуваше доста време кога беше студент.

Во салата на факултетот тој почна да работи како кошаркарски тренер, а при посетата, се фотографираше покрај една табла на која се имињата на загинатите студенти бранители на Хрватска, од времето на војната со војската на некогашна Југославија.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/09/2019 16:08