Министерот Хусни Исмаили денеска се сретна со претставници на Меѓународниот фестивал за детска литература и илустрација, „Литера“ од Центарот за визуелна комуникација и графички услуги „Ефектива“, кој е поддржан во Годишната програма на Министерството за култура.
На средбата стана збор за активностите кои се во тек за претстојниот фестивал, а кои се во насока на промоција и афирмација на детската литература и илустрација, развој на на здраво општество и емоционална интелигенција кај децата уште од најрана возраст, соопшти Министерството за култура.