Аргентинскиот центар Луис Скола изјави дека може да ја продолжи кариера во Европа. За неговите услуги се заинтересирани шпанскиот Реал и италијанската Олимпија Милано.

Ветеранот исто така има понуда од неговата земја, од клубот Бока Јуниорс, пренесува „Еврохопс“.

За потсетување, Скола во моментов е член на Шангај шаркс.

На Светското првенство во Кина, 39-годишниот центар освои сребрен медал. Неговата репрезентација во финалето загуби од Шпанија.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/09/2019 12:46