Српскиот кошаркар кој игра за Денвер нагетс во НБА лигата, центарот Никола Јокиќ, смета дека во САД на кошарката се гледа како на шоу, а играчите се како животни во циркуска претстава.

Јокиќ не е „мераклија“ за давање интервјуа, па рече дека иако смета оти медиумите се лоши за спортот, спортистите се таму каде што се токму поради медиумите кои имаат влијание врз јавноста. Што се однесува до животот во САД, кажа што му пречи.

– Секој клуб во НБА ви овозможува услови да бидете најдобар што можете. Нема да ти дадат причина да кажеш дека поради клубот не си успеал. За 3-4 години, колку што сум во Денвер, поминаа 20-30 играчи, тоа е загрижувачки. Каде и да одиме, луѓе се сликаат со нас, како животни во циркус сме“ – вели Јокиќ.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/09/2019 21:50