„Остен биеналето на наградени автори 2019“ што беше отворено на 12 септември годинава во Охрид, како дел од Програмата за престој на уметници „Златен остен“, официјално завршува денеска.
На манифестацијата учествуваа уметниците Ахмет Албајрак од Турција, Мати Грунберг од Израел, Харис Кондосфирис од Грција, Јошкин Шиљан од Србија и Гоце Божурски, Невзар Бејтули Кица и Росица Лазеска од нашата држава, а гости беа Мице Јанкуловски, Славко Упевче и Рафи Кајсер.
Делата кои се продуцираат во рамките на оваа манифестација, како и делата од наградените автори на секое издание на манифестациите „Остен биенале на цртеж“, се дел од колекцијата на „Остен – Музејот на цртеж“, прв ваков евидентиран музеј во светот.
Изложбата на делата создадени во рамките на Програмата, како и доделувањето на наградите и признанијата на уметниците ќе биде во рамките на одбележувањето на 75 години „Остен“, во септември 2020 година.
Годинава, Програмата беше организирана во соработка со Град Охрид.