Еден од најдобрите играчи во историјата на тенисот, Роџер Федерер, кажа дека за време на целата негова кариера јадел само вегетаријанска храна.

Швајцарецот пред натпреварите скоро секогаш практикувал да јаде салата и тестенини.

– Јас не готвам многу добро, затоа е добро кога мојата сопруга или мајка ми се во близина. Обично јадам салата и тестенини пред натпреварите и досега ова донесе резултати, информира Федерер.

Тенисерот на крајот на кариерата малку се „опушти“ кога е храната во прашање.

- Ако сме во добар ресторан, јадам скоро сè. Вклучувајќи и морски ежови. На крајот на краиштата, во текот на мојата кариера во тенисот бев вегетаријанец, го цитира Федерер „Tennis World USA“ .



Автор: Администратор
Објавено на: 26/09/2019 13:42