Романот „Маџун“ на Влада Урошевиќ е избран за македонски претставник за меѓународната награда „Балканика 2019“. Одлуката едногласно ја донесе жири во состав: проф. д-р Елизабета Шелева (претседател) и проф. д-р Ермис Лафазановски и проф. д-р Лидија Капушевска-Дракулевска (членови).

На конкурсот за избор на национален претставник годинава до организаторот, издавачката куќа „Магор“, пристигнале 12 книги. Покрај „Маџун“ од Урошевиќ, кандидати биле и: „Странец под Алпите“ на Петар Стојановски; „Ѕвездено дете“ на Ване Костуранов; „Светлината на Сатурната“ на Кристина Димовска; „Скоро парижанка или Како да ги преживееш своите доцни дваесетти… во Париз“ на Јана Мишо; „Динга стоп: скопски приказни од Ново маало“ на Владимир Плавевски; „Под друга капа“ на Владо Јаневски; „Краста на душата“ на Владимир Плавевски; „Не одам никаде“ на Румена Бужаровска; „Последните денови на Ханс“ на Михајло Свидерски; „Утеха на голите“ на Давор Стојановски и „Пливање спротиводно“ на Ненад Јолдески.

Во потесен избор за номинација за книжевната награда „Балканика 2019“ биле романите „Не одам никаде“ од Румена Бужаровска и „Утеха на голите“ од Давор Стојановски.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/09/2019 21:35