Министерот за култура Хусни Исмаили, амбасадорката на Турција во земјава Тулин Еркал Кара и директорот на Турскиот културен центар „Јунус Емре“, Серхат Кула, денеска го посетија Куршумли ан, каде што треба да биде сместен Турскиот културен центар.

Како што соопшти Министерството за култура, Управата за заштита на културно наследство веќе има издадено Одобрение за конзервација и реставрација на Куршумли ан за што е назначен и овластен архитект кој ќе врши надзор на изведувањето на работите на непосредна заштита-конзервација и реставрација на објектот.

– Истовремено, министерот Исмаили посочи дека целокупниот процес на реставрација на Куршумли ан ќе биде следен од страна на надлежните институции и тоа со особено внимание, како врвен приоритет, се со цел, согласно Законот за заштита на културното наследство и законската регулатива да се овозможи непречена реализација на проектот, соопшти Министерството за култура.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/09/2019 21:37