Без оглед на резултатот од квалификациите, пилотот на Вилијамс, Роберт Кубица, неделната трката од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Русија, ќе ја почне од крајот на колоната.
На неговиот автомобил е извршена промена на моторот и според правилата тој ќе биде на „опашката“.
Така, Полјакот ќе му прави друштво на рускиот пилот од Торо Росо, Даниел Квјат, кој исто така ќе тргне од последниот ред поради интервенција врз болидот.
Во исто време, казна од пет места на почетната мрежа ќе добијат Макс Верстапен, Пјер Гасли и Александар Албон.
Трката на ГН на Русија ќе се одржи на 29 септември со почеток во 13 часот и 10 минути.