Франциско Ројг, тренерот на Рафаел Надал, зборуваше за соработката со шпанскиот тенисер и кажа кој меч му оставил најголем впечаток.
Не очекував дека нашата соработка ќе трае толку долго. Со текот на годините, Рафаел сфати дека треба пократко да игра. Ако сега играше во ист стил како порано, тој немаше да покажува вакви резултати. Неговата најдобра, најемотивна победа се случи на Вимблдон 2008 над Роџер Федерер, изјави Ројг. Тренерот се сеќава и на „најболниот“ пораз на Шпанецот. Тој, според Ројг, се случи во финалето на Австралија опен 2014 година од швајцарскиот тенисер Стан Вавринка.