Доха во Катар е местото каде што од денеска до 6 октомври, ќе се одржува 17-тото Светско првенство во атлетика. Најдобрите атлетичари на светот уште од вечерва ја почнуваат битката за медали, а прва финална дисциплина е женскиот маратон.

Маратонките ќе стартуваат на полноќ по локално време, бидејќи времето во Доха е многу топло. На стадионот „Калифа“ ќе има систем за ладење, па условите за атлетичарите ќе бидат пријатни и нема да мора да трчаат, да фрлаат, и да скокаат на температура од 40 степени, туку на двојно пониска, а и за публиката на трибините ќе биде поубаво отколку надвор од стадионот.

Единствен македонски претставник на првенството ќе биде Јован Стојоски, кој ќе трча на 400 метри. Тој на тартанот во Доха треба да се појави на 1 октомври, за кога е закажана првата рунда квалификации.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/09/2019 15:52