Младиот македонски кошаркар, Ненад Димитријевиќ, вечерва од 21:30 часот со својот клуб Хувентуд, го пречекува големиот Реал Мадрид, во првото коло од шпанското првенство.
За Ненад не е ништо ново да игра против гиганти како Реал, Барселона и останатите шпански евролигаши, а оваа сезона се очекува тој да има важна улога во тимот кој остана без главниот плејмејкер, Нико Лапровитола, кој замина токму во „кралскиот клуб“ од Мадрид.
Реал неодамна го освои Суперкупот на Шпанија, во тимот има пет играчи кои настапија во финалето на Светското првенство, и секако се фаворити, но Димитријевиќ и другарите, бодрени од публиката во Каталинија, ќе се обидат да изненадат.