Драмски театар Скопје со претставата „Странци“ во режија на Нела Витошевиќ, вечер ќе учествува на 7. Меѓународен театарски фестивал во Тетово.

Во претставата „Странци“ учествуваат актерите: Игор Ангелов, Ирена Ристиќ, Биљана Драгиќевиќ Пројковска, Зоран Љутков, Сања Арсовска, Филип Трајковиќ и Предраг Павловски.

Драматург на претставата е Викторија Рангелова – Петровска, сценограф Костантин Трпеноски, костимограф Роза Трајческа – Ристовска, а музиката е на композиторот Огнен Анастасовски.

Претставата ќе се изведе на големата сцена на Театарот во Тетово.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/09/2019 11:57