Со изведба на претставата „Жива сфинга“ на Националниот театар од Косово синоќа беше отворем Меѓународниот театарски фестивал во Тетово. Фестивалот за отворен го прогласи министерот за култура Хусни Исмаили.

– Драмата „Жива сфинга“ е претстава според текст на Реџеп Ќосја со ист наслов, а сега во режија на Блерта Рустеми Неризај. Првичниот текст е напишан во 70-тите години и зборува за крвна одмазда и апсурдни братства на времето, додека сегашната „Жива сфинга“ ја разоткрива табу-повоената драма на Косово и „мистериозните“ политички убиства на некои интелектуалци, новинари и политичари.Во главните улоги во претставата се Фатмир Спахиу, Адријан Морина, Едона Решитај, Арменд Смајли, Илбер Барди, Шпетим Кастрати и Дукаѓин Подримај, информираат организаторите од Тетовски театар.

Вечер фестивалот продолжува со „Странци“ на Драмски театар од Скопје од 20 часот која ќе се изведува на македонски јазик. „Странци“ е по текст на Паоло Ѓеновезе, а во режија на Нела Витошевиќ. Во главните улоги настапуваат Игор Ангелов, Ирена Ристиќ, Биљана Драгиќевиќ – Пројковска, Зоран Љутков, Сања Арсовска, Филип Трајковиќ и Предраг Павловски.

Домаќините од Тетовски театар настапуваат во недела со првата реприза на „Едно изгубено писмо“.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/09/2019 13:15