Американскиот спринтер Кристијан Колмен победи на трката на 100 метри за мажи на Светското првенство во атлетика кое се одржува во Доха.

Колмен ја оправда фаворитската улога, најкратката патека ја истрча за 9,76 секунди, што е за пет стотинки подобро од досегашното најдобро време сезонава, и шести резултат на сите времиња.

Сребрениот медал го освои ветеранот Џастин Гетлин од САД, кој одвај се пласираше во финалето, а успеа како втор да мине низ целта. Третото место го освои Андре Де Грас од Канада со личен рекорд од 9.90 секунди. Ова беше брза трка, Јохан Блејк од Јамајка истрча под десет секунди (9,97), а заврши како петтопласиран.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/09/2019 12:38