Хорот на словенечкото здружение „Триглав“ од Битола ги заврши гостувањата во словенечкиот град Нова Горица и хрватскиот град Риека.

Под диригентство на професорката Марина Коруновска, битолчани првиот концерт го одржаа во Нова Горица, а вториот во Риека, каде како што информираат биле наградени со долготраен аплауз.

Според програмата, членовите на битолскиот хор по концертните настапи имале можност за посета на различни знаменитости во тамошните градоци, како и дружење со домаќините.

Гостувањето на хорот на словенечкото здружение „Триглав“ од Битола се реализира со поддршла на Канцеларија на Владата на Република Словенија за Словенците во соседството и светот, Општина Битола, ЈКП „Водовод“-Битола ,КЈП „Нискоградба“-Битола и ЈП „Пазари“-Битола.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/09/2019 14:21