Македонскиот кошаркарски вицешампион, Работнички, ги загуби двата меча на турнирот во Крајова, а како утеха, тимот од „Градски парк“ го имаше најдобриот стрелец на турнирот.

Американскиот бек Хејден Лесколт со вкупно 53 поени, го доби признанието за најефикасен поединец на турнирот. Првото место на подготвителниот турнир го освои екипата на Крајова, чиј тренер е Македонецот Александар Тодоров.

Работнички загуби од Крајова во полуфиналето со 68:91, а потоа во дуелот за трето место, скопските „црвено-бели“ беа надиграни и од Динамо Букурешт со 75:87. Нов тренер на Работнички е Димитар Мираковски кој го наследи Марин Докузовски, и за него ова е прв тренерско искуство.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/09/2019 22:46