На атлетскиот Мундијал во Доха, мешаната штафета на САД во трката 4х400 метри постави нов светски рекорд со време 3:09:34 минути.

Трката ја одбележа и полскиот национален тим кој се реши во последната измена да остави жена во конкуренција на мажите од другите репрезентации. Полската атлетичарка не успеа да ја задржи предноста од колегата кој трчаше во третата измена во која за ривалите трчаа жени.

Мешаните штафети се состојат од по двајца мажи и две жени. За САД настапија Вил Лондон, Алисон Феликс, Кортни Около и Мајкл Чери.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/09/2019 16:24