Леброн Џејмс одигра само 55 натпревари за Лос Анџелес Лејкерс минатата сезона, која заврши на разочарувачки начин за тимот.

Кошаркарот, кој ќе наполни 35 години на крајот на декември, нема да биде преоптоварен за време на претсезонските дуели на „езерџиите“, според Френк Вогел, кој го презеде тренерскиот штаб на Лук Волтон на почетокот од оваа година.

– Сакаме интелигентно да и пристапиме на ситуацијата. Ќе му дадеме многу време да разговара и да работи со своите соиграчи, но дефинитивно нема да претеруваме со обемот на работа во подготовките пред сезоната, рече Вогел.

Џејмс запиша своевиден антирекорд во последната сезона, а споменатите 55 натпревари се најмалку за него во рамките на една кампања како професионалец.

Лејкерси се засилија со Ентони Дејвис во текот на летото и ќе се обидат да стават крај на застрашувачката серија без учество во плеј-офот која трае шест последователни сезони – најлошата низа во клупската историја на 16-кратните шампиони во НБА.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/09/2019 22:19