АВ Охрид го откажа своето учество од Првата кошаркарска лигаи и нема да биде дел од новата сезона.

Според информациите, клубот згаснал поради неможноста неговиот сопственик да го издржи финансискиот товар. Тој ја известил Кошаркарската федерација дека клубот се повлекува од Прва лига.

АВ Охрид во четиригодишното постоење една сезона играше во Втората лига а три сезони беше дел од кошаркарската елита.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/09/2019 22:21