На првиот претсезонски подготвителен натпревар во НБА-лигата, ноќта меќу понеделник и вторник Хјустон го совлада Шангај, со 140:71 (36:14, 41:20, 34:17 и 29:20).
Во победничкиот тим Џејмс Харден за 21 минута стигна до трипл-дабл ефект, 10 поени, 12 скокови и 17 асистенции. Центарот Клинт Капела средбата ја заврши со 25 поени и 10 скокови.
Најефикасен играч на средбата беше Донатас Мотејунас од кинескиот клуб со 27 поени.