Македонскиот мотоциклист Христијан Бузалковски најави подобри резултати следната сезона за кога амбициите му се да биде помеѓу најдобрите пет во Алп Адриа шампионатот.

Изминатиот викенд на последната трка од Алпе Адриа шампионатот, на патеката Мост во Чешка, Бузалковски иако стартуваше од последниот ред, успеа да стигне до бодови.

– Стартувавме од последниот стартен ред,од вкупно 30 возачи,причината за ваквиот старт е во тоа што моторот во саботата на квалификациите се расипа и не успеавме да направиме брз круг,а истото се случи и на првата трка во саботата,и не ја стартувавме таа трка,па затоа во неделата моравме да стартуваме од последниот ред. Напредував од круг во круг, меѓутоа немаше многу кругови па морав да се задоволам со 14. Позиција. Но тоа се трките, се се случува. Позитивната работа е во тоа што веќе за следната сезона уште од самиот старт ќе напаѓаме за ТОП 5,па се надеваме дека ќе успееме да дојдеме и до подиум, изјави Бузалковски.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/10/2019 12:48