Одбојкарите на Србија заработија 400.000 евра за европската титула што ја освоија во Париз.

Во финалето во француската престолнина, селекцијата на Слободан Ковач ја совлада Словенија со 3:1, оставајќи го нивниот противник со „утешителен“ чек од 200.000 евра.

Бронзениот медал замина во Полска, каде ќе си поделат 100.000 евра. Наградниот фонд е обезбеден од Европската централа ЦЕВ.

По успехот, Ковач рече дека единствената работа што може да ја стори откако успеа да го наследи Никола Грбиќ еден месец пред турнирот е да ги обедини искусните одбојкари за една цел – победа.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/10/2019 16:35