Во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ во Велес денеска се одржа поетско чествување за поетот, есеист и препејувач Анте Поповски, кој почина пред 16 години. Избор стохови од неговит богат опус читаа членови на Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“.
За творештвото на Поповски потсети директорот на Библиотеката „Гоце Делчев“ Игор Крајчев, кој презентираше и извадоци од мисли и осврти на други македонски писатели посветени на делото на Анте Поповски (1931-2003).
Чествувањето го организираше Општина Велес заедно со Локалната библиотека „Гоце Делчев“ и Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“.