Во локалната установа Градски музеј, Крива Паланка денеска беше промовирана драмата „Брачниот живот на Зона Замфирова“ од Трајче Кацаров, како придружна активност од програмата на 11-от Интернационален фолклорен фестивал “св.Јоаким Осоговски”.

Промотор беше Мишел Павловски, а секвенци од книгата интерпретираа актерите Благоја Чоревски и Страшко Милошевски.

-Кацаров го гради текстот лукави и мајсторски, воведувајќи сцени кои ја интригираат публиката, истовремено давајќи му слобода на режисерот, а воедно, пренесува пораки и актуелни состојби од општеството. Гради комедија напати гротескна, по малку саркастична, а хуморот силен, не и вулгарен. Оваа книга е нагласена театрална пиеса која ќе живее во театрите долги години, рече Павловски.

Кацаров е автор и театарски критичар, неговите дела се преведени и на неколку јазици – англиски, руски, украински, албански, бугарски, српски, хрватски и словенечки, a неговите театарски пиеси се одиграни низ повеќе театри во регеионот.

-Сметам дека не можам да бидам драмски писател, бидејќи за тоа е потребно мајсторство, зашто драмата претставува, а јас ремарките ги пишувам како есеи. Кај нас и многу малку се чита, драмските дела имаат литерарна вредност, затоа треба да се чита, инсценацијата е различна од напишаното.Се надевам дека ова ќе биде текст близок до читателите, рече авторот Кацаров.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/10/2019 16:17