Во Уметничката Галерија Тетово до 11 октомври ќе бидат изложени 30 уметнички слики од авторката Акиме Насуфи Реџепи, во рамки на нејзината прва самостојна изложба.

– Изложени се уметнички слики пејзажи, имагинација и колорит на Акиме Насуфи Реџепи изработени на акрил на платно. Доминантен мотив е пејзажот со мрачните тонови, но не ги избегнува и топлите нијанси на колоритот. Тие го претставуваат индивидуалниот субјективитет и ни покажува дека пејзажот не мора да биде само зора или зајдисонце, изјави Мифтар Мемети, професор на Факултетот за ликовна уметност на Тетовскиот универзитет на отворањето на изложбата.

Акиме Насуфи Реџепи е родена 1980 година во Струга. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности на Тетовскиот универзитет, отсек графика. Таа живее и работи како професор по ликовно образование во Куманово. Досега се претставувала на повеќе групни изложби, ликовни колонии и симпозиуми.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/10/2019 16:18