Кошаркарската федерација на Македонија донесе одлука за одложување на почетокот на новата прволигашка сезона.

– Поради непредвидени новонастанати ситуации, почетокот на натпреварувачката сезона 2019/2020 се одложува, стои како информација на интернет страницата на КФСМ.

Викендов треба да стартува сезоната со 11 клуба, но по шокантното откажување на АВ Охрид на само пет дена пред сезоната, лигата остана со тим помалку, а тоа ги менува околностите. Сега треба да се реши како ќе изгледа лигата, со колку клуба, дали повторно ќе се врши жрепка, а и ќе им се даде време на слободните играчи од АВ Охрид да си најдат клубови.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/10/2019 22:40