Реал Мадрид го совлада Фенербахче со 81-77 во судир меѓу два од фаворитите во првото коло од кошаркарската Евролига.

Двете екипи ја посакуваат титулата од турнирот, откако минатата сезона загубија во полуфиналето.

Реал Мадрид успеа да триумфира по подобрата игра во одбраната и неочекуваниот џокер во лицето на Џефри Тејлор, кој заврши со 19 поени и 8 асистенции.

За Фенербахче, Нандо де Коло постигна 22 поени, а Дерик Вилијамс заврши со 19 и 10 скокови, откако Американецот ги одигра сите 40 минути, што е навистина извонредно.

Останати натпревари од вчера:

Химки – Макаби 89:83 Панатинаикос – Црвена звезда 87:82 Баерн – Олимпија Милан 78:64.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/10/2019 10:35