Лидерот во Мото ГП, Марк Маркез, беше пренесен во болница откако падна за време на првата тренинг сесија на тркачкиот викенд во Тајланд.

Маркез полета од својот мотоцикл на седмиот свиок од пистата и требаше околу една минута пред да може да се врати на нозе. Брза помош го однесе во медицинскиот центар на трасата, а половина час подоцна се дозна дека ќе биде пренесен во локалната болница поради силна болка во левата нога и грбот. Маркез го напушти медицинскиот центар на пистата на носилки.

Од МотоГП подоцна објавија дека Маркез немал скршеници и му било дозволено да го продолжи своето учество во Тајланд овој викенд.

Маркез има шанса да ја освои титулата во „кралската класа“ за 2019 година оваа недела, доколку освои два бода повеќе пред неговиот главен ривал Андреа Довициозо од Дукати.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/10/2019 10:37