Градскиот театар за деца и младинци од Велес денеска во Домот на културата во Делчево ќе ја изведе претставата „Волшебниот часовник“ работена според руска бајка во режија на Младен Крстевски, а со што ќе ја стартува новата сезона.
По Делчево претставата ќе биде изведена и во други градови во земјата.
Во претставата настапуваат актерите Слободанка Чичевска, Кирил Гравчев, Драган Миладиновски, Ане Павлов, Димитар Марковски и Младен Крстевски.
Претставата премиерно беше изведена на 20 септември минатата година во Велес, а оттогаш беше претставена со гостување во 14 градови во земјава.