Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ од Охрид денеска го објави конкурсот за најдобра поема за 2019 година.

Конкурсот ќе биде отворен до 4 ноември, а пропозициите предвидеуваат слободна тематската содржина на доставените трудови, што не треба да бидат помали од 912 стихови, со нумерација на секој 50-ти стих.

Делото треба да е напишано со големина на фонт минимум 11, испечатено еднострано на А4 формат во четири еднакви шифрирани примероци.

На конкурсот еден автор може да пријави само едно дело, коавторски дела се неприфатливи. Конкурсот е анонимен, а за најдобрата поема предвидена е и парична награда.

За изборот односно наградата одлучува тричлено жири составено од реномирани автори.

Заинтересирани автори своите трудови треба да ги испратат на адреса на Центарот за култура на адреса ул. „Македонски просветители” бр. 4, 6000 Охрид, со назнака „Пријава за избор на најдобра поема Григор Прличев за 2019 година”.

Поемите кои нема да пристигнат до определениот рок или нема да ги исполнуваат условите од истиот нема да бидат земени предвид за наградата. Комисијата согласно Правилникот за критериумите и постапката за избор на најдобра поема, ќе ги извести авторите што поднеле уредна апликација, за резултатите од изборот.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/10/2019 18:32