Александер Зверев и Стефанос Циципас ќе се сретнат во второто полуфинале на тенискиот турнир од АТП 500 серијата во Пекинг, откако денеска успешно ги прескокнаа своите четвртфинални пречки.

Германецот Зверев за 1 час и 15 минути игра, беше подобар од Сем Квери со 7:6, 6:2, па си закажа полуфинале со Гркот Циципас, кој го совлада Џон Иснер со 7:6, 6:3.

Младите Зверев и Циципас досега трипати играле меѓусебе, билансот е 2:1 за Циципас, кој го доби и последниот меѓусебен дуел во четвртфиналето на Мастерсот во Мадрид. Во другото полуфинале во Пекинг, играат првиот носител Доминик Тим, и Карен Хачанов.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/10/2019 18:54