Посета на Кокино, детски работилници, посета на Планетариум за деца и возрасни, се само дел од активностите кои ќе се спроведуваат во рамки на Светската недела на вселената, што од денеска до 10 октомври, под мотото „Месечината: Порта кон ѕвездите“, ќе се одбележува во земјава.

– Целта на овој настан на глобално ниво е да се стави акцент на придобивките од вселенските истражувања, спроведени во текот на изминатата година, за решавање на предизвици на планетета земја и во вселената, соопштија организаторите.

Организаторите на овогодинешното одбележување на Светската недела на вселената испраќаат моќна порака за инклузија – „Сите делиме иста месечина“!.

– Во соработка со „We share the same Moon” („Сите делиме иста месечина!“) за целата македонска јавност се достапни различни ресурси, видеа и приказни на знаковен јазик и уште многу други активности поврзани со нашиот природен сателит Месечината, кои може да се најдат на линкот https://www.wesharethesamemoon.org/?page_id=544, посочија организаторите.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/10/2019 01:07