Американката Далила Мухамад вечерва на Светското првенство во Доха постави нов светски рекорд на 400 метри со пречки.

Мухамад победи во финалето на 400 метри со пречки на СП во Доха и истрча време од 52 секунди и 16 стотинки. Таа пред два месеца веќе го урна стариот рекорд, а сега уште повеќе го подобри времето.

Второто место го освои Сидни Меклафлин од САД, која зад сонародничката заостана само седум стотинки, па и таа за малку ќе го урнеше стариот светски рекорд. И третата медалистка, Рашел Клејтон од Јамајка, која го освои третото место на најбрзата женска трка на 400 со пречки во историјата, имаше личен рекорд. Таа патеката ја мина за 53,74 секунди.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/10/2019 10:53