Пилотот на Хонда, Марк Маркез веќе е на чекор до својата осма светска титула во МотоГП. После повеќе од убедливата победа во Арагон, Шпанецот е на 92 бода пред својот најголем конкурент, пилотот на Дукати Андреа Довициозо при преостанати пет трки до крајот.

Маркез има шанса да стане шампион во Тајланд, а единственото правило е да освои два бода повеќе од Довициозо. Тој може да го стори тоа ако стигне до деветтата победа сезонава на „Бурирам“ или заврши втор, трет или четврт, сè додека популарниот Дови е зад него.

Доколку Маркез заврши на петтото или подолу, Дови треба да е уште две места зад Шпанецот за да му ја „подари“ титулата.

Во случај на паѓање на Маркез, борбата за титулата ќе се пренесе во Јапонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/10/2019 13:45