Сателитскиот пилот на Јамаха, Фабио Куартараро ја освои својата четврта пол-позиција за сезоната 2019 во МотоГП. И покрај тоа што падна во неговиот последен круг, Французинот заврши на врвот на квалификациите со рекорден брз круг за тајландската писта.

Лидерот во генералниот пласман во МотоГП, Марк Маркез и ветеранот Валентино Роси паднаа на истото место од патеката – кривината број 5.

Зад него од втората позиција на стартот во недела ќе се најде уште еден пилот на Јамаха – Маверик Винаљес. Трет ќе биде Маркез, следен со друга машина Јамаха – онаа на Франко Морбидели.

На петто, шесто и седмо место ќе стартуваат тројца пилоти со Дукати – Данило Петручи, Џек Милер и Андреа Довициозо. Жоан Мир со Сузуки го обезбеди осмото место, а Роси ќе треба да се помири со деветтото, заради инцидентот што го претрпе.

Топ 10 е надополнет со вториот пилот на Сузуки, Алекс Ринс.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/10/2019 14:56