Гркот Стефанос Циципас ќе игра во финалето на турнирот во Пекинг, Кина. Во полуфиналето тој го совлада Германецот Александар Зверев со 2-0, по сетови 7:6 (8:6) и 6:4.

Мечот траеше еден час и 52 минути.

Во финалето, Циципас ќе се сретне со Доминик Тим од Австрија.

Дуелот за трофеј е закажан за утре од 13:30 часот.

Наградниот фонд на турнирот изнесува 3,5 милиони долари.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/10/2019 11:23