Наоми Осака ја заврши својата фантастична недела во Пекинг и го крена трофејот од турнирот, откако во финалетоја совлада светската тенисерка бр.1, Ешли Барти со 3:6, 6:3, 6:2 за 1 час и 51 минута.

Така, Јапонката успеа да го освои својот петти трофеј во кариерата и нејзиниот трет за оваа календарска година.

Со својот настап во последниве денови, таа демонстрираше дека се враќа во најдобра форма и тоа го вели и нејзината статистика – 10 последователни победи на последните натпревари.

Исто така, тоа беше втор успех за Јапонката против Барти во овогодинешната турнеја, а двете имаат вкупно четири меѓусебни средби, откако Азијката дозволи два порази во нив.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/10/2019 14:07