Новак Ѓоковиќ направи совршени подготовки за „Мастерс“ турнирот во Шангај, откако ја освои титулата во Токио без да изгуби сет. Во финалето, Ноле беше категоричен против Џон Милман и му требаше нешто повеќе од еден час за да го постигне тоа – 6-3 6-2.

По натпреварот, шампионот изјави дека е задоволен од минатата недела.

– Помина фантастична недела. Се чувствував одлично на теренот, а надвор од него Јапонците многу ме поздравуваа и ме натераа да се чувствувам како дома, изјави Србинот.

Во врска со неговиот настап, Светскиот број 1 изјави: „Не изгубив сет, играв навистина добро, одлично сервирав. Севкупното искуство беше одлично. Мислам дека моето ниво е повисоко оваа недела во споредба со последните неколку месеци. Се надевам дека ќе продолжам вака и во Шангај“.

На претстојниот Мастерс, Србинот ќе стартува против Френсис Тиафо или Денис Шаповалов.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/10/2019 14:07