Пилотот на Рено, Даниел Рикиардо е уверен дека неговиот тим ќе го заврши шампионатот меѓу првите четири во поредокот за конструктори во шампионатот во Формула 1.

– Можеме да завршиме на четвртото место. Секој викенд ситуацијата може радикално да се промени. Ова веќе го видовме. Но, ние треба редовно да завршуваме со двата автомобила во зоната на бодови. Мекларен е сè уште фаворит, но можеме да се бориме. Тие се ефикасни, но, можеме да наметнеме борба, изјави Рикиардо.

Во моментов Рено е на петтото место, со 33 поени заостанување зад Мекларен.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/10/2019 10:17