Повеќе од 100 играчи утрово ги започнаа натпреварите на ИТТФ челенџ турнирот во пинг-понг за јуниорска и кадетска конкуренција.
На распоредот денес и утре ќе се одржат натпреварите во екипна конкуренција, додека последните три дена од турнирот се резервирани за поединечните натпревари и натпреварите во двојки.
Натпреварувачите доаѓаат од 18 држави од целиот свет. Македонската репрезентација настапува со најголем број на учесници.
Турнирот ќе трае до 12 октомври, натпреварите ќе се играат во СЦ „Борис Трајковски“.