Во просториите на Кошаркарската федерација на Македонија денеска беше одржана жрепка за натпреварувачките броеви на клубовите кои ќе се натпреваруваат во Првата лига во женска сениорска конкуренција за сезоната 2019/2020.
Дванаесет екипи ќе се борат за титулата државен шампион, а кошаркарките на Вардар ќе се обидат да ја одбранат титула освоена минатата сезона.
Првото коло ќе се одигра на 19 октомври. Натпреварувачки броеви:
1.Баскет Кам 2.Патриот 2016 3.Трокал 4.Пробаскет Академија 5.ПантериЖ 6.Струга 2009 7.Студент Академија 8.Шкупи 9.Вардар 10.Гостивар 2009 11.Бадел 1862 12.Крива Паланка.
Двојки за 1. коло:
Баскет Кам – Студент Академија Патриот 2016 – Шкупи Трокал – Вардар Пробаскет Академија – Гостивар 2009 Пантери – Струга 2009 Бадел 1862 – Крива Паланка.