Денеска во просториите на Кошаркарската федерација на Северна Македонија беше одржан ждреб за натпреварувачките броеви на клубовите кои ќе се натпреваруваат во Првата лига во машка сениорска конкуренција за сезоната 2019/2020.

По откажувањето на кошаркарскиот клуб АВ Охрид, во ПЛМ за претстојната сезона ќе се натпреваруваат десет екипи. По комплетирање на регуларниот дел од сезоната шест екипи ќе напреднат во Супер лигата, останатите четири ќе се надигруваат во Плејаут лигата.

Првото коло од ПЛМ ќе се одигра претстојниот викенд, 12 октомври

Двојки прво коло ПЛМ 2019/2020:

Вардар – Еуро Никел 2005 Кожув – МЗТ Скопје Аеродром АД МЗТ Скопје Аеродром – Работнички Гостивар – Академија ФМП Куманово 2009 – Пелистер



Автор: Администратор
Објавено на: 09/10/2019 21:48