Со свечената церемонија на доделувањата на медалите на најдобрите во конкуренција на тимови заврши вториот ден од пинг-понгарскиот ИТТФ турнир во Скопје.

Во конкуренција на тимови кај јуниорите најдобар беше тимот на Хрватска. Хрватите во финалето ја совладаа Романија со 3:1. Бронзените медали отидоа кај екипите на Словачка и Тајван.

Кај јуниорките најдобри беа Романките кои во финалето беа поуспешни од тимот на Србија со 3:0. Третите места ги поделија екипите на Белгија и Словачка.

Во кадетска конкуренција кај момчињата најуспешен беше мешаниот тима од Перу и Белгија чии што играчи ги надиграа Романците со 3:1, бронзените медали отидоа кај екипите на Словачка и Шпанија.

Кај девојчињата во кадетска конкуренција најуспешни Романките. Тие во финалето ја совладаа Белгија со 3:1. Бронза освоија Шведска и мешаниот тим на Словачка и Србија.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/10/2019 11:16