Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ ќе игра во четвртфиналето на турнирот во кинески Шангај, откако попладнево го совлада Американецот Џон Изнер во третото коло.

Србинот го добие првиот сет со 7:5, во вториот беше поуспешен со 6:3. Мечот траеше еден час и 16 минути.

Во четвртфиналето Ѓоковиќ ќе се соочи со Гркот Стефанос Циципас.

Мастерсот „Ролекс Шангај“ има награден фонд од 7,4 милиони долари.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/10/2019 15:21